#наТерапија дискусија – Епизода 2

Вчера го запознавте Владо, професионален војник со традиционални сфаќања. Во разговорот со Д-р Терзиев, Владо зборуваше и за својот пријател, Д-р Здравко Андонов.

„За него е јавна тајна дека го интересираат мажи, па да не си помислиш нешто погрешно“, рече тој.

Стигмите и предрасудите поврзани со сексуалната определба се тема на втората #наТерапија дискусија.

Што би можел да си помисли Д-р Терзиев за Владо и неговата дружба со човек со различна сексуална определба? Како се чувствувате вие за ставот на Владо? Со какви стигми и предрасуди најчесто се соочуваат припадниците на ЛГБТИ-популацијата?

Учествувајте во дискусијата на:
Facebook, тука
Twitter, тука