продукција

„На терапија“ е првата македонска ТВ серија снимена според странска лиценца, во продукција на КИНО ОКО. Серијата се емитуваше од 18/09/2017 до 17/11/2017.

Серијата, во која глумат домашни актери, содржи 45 епизоди адаптирани од македонски автори и реализирани со екипа од македонски ТВ и филмски професионалци.

Оригиналната серија „На терапија“ потекнува од Израел и е креирана од Нир Бергман, Ори Сиван и Хагаи Леви. Леви е познат и по работата на серијата „The Affair“ наградена со неколку Златни глобуси.

Дејствието на серијата се одвива околу приватниот и професионалниот живот на психотерапевт кој во текот на петте работни дена работи со своите пациенти на нивните проблеми, за во слободното време и самиот да побара стручна психијатриска помош. Секоја епизода е фокусирана на ликот на одреден пациент и неговиот однос со главниот лик: суицидална пливачка на тинејџерски години; професионален војник кој ги преиспитува своите постапки; жена која има еротска фиксација кон терапевтот; брачен пар кој не може да се соочи со обврските на родителство; како и сопругата на психотерапевтот која се обидува да го спаси нивниот брак кој е во криза.

Серијата постигнува огромен успех во матичната земја и освојува награди за најдобра драмска серија, најдобар актер, најдобра актерка, најдобро сценарио и најдобра режија од израелската Акедемија за филм и телевизија.

Во 2008 година лиценцата за серијата ја откупува американската мрежа „HBO“ која продуцира три сезони. Во улога на психотерапевтот се појавува познатиот актер Гебриел Брн, а епизодните улоги ги играат популарните глумци Мишел Форбс, Дајен Вест, Миа Васиковска, Мелиса Џорџ, Дебра Вингер и други.

Серијата веднаш се здобива со популарност, ласкави критики и неколку високи признанија, вклучувајќи ги наградите „ЕМИ“ за најдобар актер и актерка, наградата „Златен глобус“ за најдобар актер и наградата за нова серија на Синдикатот на писателите на Америка (Writers Guild of America).

Концептот на серијата доживува планетарен успех и се снимаат посебни верзии за Канада, Аргентина, Бразил, Јапонија, Чешка, Полска и Италија.

Во Балканскиот регион досега се снимени романска верзија (HBO Central Europe), словенечка верзија (POP Brio) со Игор Самобор во главната улога, српска верзија (Fox Television) со Мики Манојловиќ во главната улога и хрватска верзија (HTV).

Во македонската верзија на хит серијата игра исклучителна актерска екипа предводена од Никола Ристановски во улогата на психотерапевт, заедно со Јелена Јованова, Амернис Нокшиќи, Тони Наумовски, Ангела Димитрова, Драгана Костадиновска, Висар Вишка и Бедија Беговска.

Широката популарност и гледаност на серијата „На терапија“ се должи на интелигентниот концепт и на маестрално изградените карактери со чии уникатни животни приказни може да се идентификува секој гледач.

Низ призма на личното, „На терапија“ ги отсликува колективните потешкотии со кои се справуваат македонските граѓани во секојдневниот живот. Во 45-те епизоди се обработуваат низа тематики, почнувајќи од граѓански активизам и човекови права, полова нееднаквост, семејно насилство, ксенофобија, корупција, слобода на медиуми, право на сексуална ориентација, однос кон децата и тинејџерите во општеството, традиционален наспроти модерен начин на живот, и ред други прашања.

„Оваа серија ќе ги поттикне луѓето да почнат да разговараат за проблемите кои се поврзани со секојдневниот живот на македонскиот граѓанин, и можеби ќе пронајдат одговори за личните дилеми и прашања. Се надевам дека серијата ќе придонесе за отворање на дијалог на сите актуелни теми во нашето општество“.

Роберт Насков, продуцент

Продукција Кино Око

Според оригиналната серија на

Hagai Levi
Ori Sivan
Nir Bergman

Консултанти на продукцијата

“Perfo”
Aleš Pavlin
Andrej Štritof

Оригинал формат на Sheleg Production Ltd.
Роберт Насков
Продуцент
Вардан Тозија
Режисер на серијата
Вардан Тозија
Режисер на епизоди
Дина Дума
Режисер на епизоди
Јане Ќортошев
Режисер на епизоди
Сашо Кокаланов
Адаптација на сценарио
Огнен Георгиевски
Адаптација на сценарио
Елеонора Венинова
Адаптација на сценарио
Дарко Митревски
Адаптација на сценарио
Наум Доксевски
Директор на фотографија
Иван Бартлинг
Идејно решение на сценографија
Сашо Блажевски
Сценограф
Жаклина Крстевска
Костимограф
Горан Игњатовски
Дизајн на шминка
Атанас Георгиев
Главен монтажер
Мартин Иванов
Монтажер
Радован Петровиќ
Монтажер
Софија Самоилова
Монтажер
Ади и Дино Имери
Композитори
Братислав Димитров
Снимател на тон
Александар Ѓорѓевиќ
Дизајн на звук
Нела Витошевиќ
Кастинг директор
Бранко Петровски
Линиски продуцент
Славко Ѓоргиевски
Менаџер на продукција
Сања Тодоровска
Координатор на продукција
Ристе Бошкоски
Асистент на продукција
Љиљана Дуковиќ
Сметководител
Јане Ќортошев
Прв асистент на режија
Алисија Ферро
Скриптер
Маја Плавевска
Координатор на статисти
Петар Кочишки
Камера оператор
Атанас Велковски
Камера оператор
Марина Колоска
Шарфер
Маја Јакимовска
Шарфер
Бато Матески
Дит менаџер
Бојан Ваљак
Клапер
Влатко Чачоровски
Сет декоратер
Александра Петкова
Сет декоратер
Дејан Ѓошевски
Главен реквизитер
Димитар Јакимовски
Набавен реквизитер
Марко Ковачевиќ
Реквизитер на сет
Градимир Градевски
Главен изведувач на сценографија
Миле Петковски
Изведувач на сценографија
Дарко Петковски
Изведувач на сценографија
Владо Владимиров Попов
Патинер
Тоше Фидановски
Мајстор на светло
Иван Ѓоршев
Главен осветлител
Александар Бошев
Осветлител
Ненад Петровски
Осветлител
Благоја Трајковски
Осветлител
Игор Трпчевски
Мајстор на сцена
Трајче Величковски
Мајстор на сцена
Александар Митевски
Асистент на мајстор на сцена
Рефиќ Шакировиќ
Асистент на мајстор на сцена
Дејан Михајловски
Асистент на снимател на звук
Ирена Ристеска Јовчевска
Асистент на дизајнер на костим
Јана Гогушевска Мандевска
Ассистент на дизајнер на шминка и коса
Јасмина Качаревиќ
Ассистент на дизајнер на шминка и коса
Мете Ковачевски
Менаџер на локации
Дејан Крајчевски
Специјални ефекти
Томе Насков
Фотограф/Мејкинг оф
Кире Ѓеоргиевски
Доктор на сет
Веца Ризова
Медицинска сестра
АЛФА ГРУП
Кетеринг
Васил Трајковски
Транспорт менаџер
Ангел Иванов
Возило за актери
Кире Силјановски
Возило за актери
Илија Колевски
Обезбедување
Горан Анастасовски
Обезбедување
Сандра Ѓоргиева
Асистент монтажер