#наТерапија дискусија – Епизода 4

Вчера бевме дел од брачното советување на Гент и Зана, чиј брак и повеќе од очигледно е во длабока криза.

Низ личните проблеми на овој пар, се гради слика и за колективната состојба на бракот како институција во Македонија.

Во четвртата #наТерапија дискусија, сакавме да го слушнеме вашето мислење за бракот на крстосница помеѓу традиционалниот и современиот стил на живеење.

Дали улогите на мажот и жената во бракот треба да бидат поделени или еднакви? Како треба да се донесуваат големите одлуки во бракот? Што мислите за жените кои сакаат да посветат време и на кариерата? Каков систем за поддршка би им овозможил на родителите да бидат подеднакво успешни и во кариерата и во семејниот живот?

Вклучете се во дискусијата на:
Facebook, тука
Twitter, тука