#наТерапија дискусија – Епизода 1

Со првата епизода од серијата „На терапија“ ја отворивме и првата #наТерапија дискусија, на тема дискриминација според местото на живеење.

Главниот карактер од оваа епизода, Милена, 30-годишен анестезиолог со потекло од „внатрешноста“, вели:

„Што и да направам, вечно ќе ме гледаат ко провинцијалка“.

Што мислите за тоа? Сте почувствувале ли и вие дискриминација врз основа на вашето потекло и вашиот роден град? Дали и како се разликуваат можностите на луѓето од провинцијата и луѓето од главниот град?

Споделете ги вашите ставови на:
Facebook, тука
Twitter, тука