#наТерапија Дискусија 09 со Роберт Насков и Вардан Тозија

Последната епизода од серијата „На терапија“, првиот македонски ТВ проект снимен според странска лиценца, се емитуваше во петок, на 17 ноември. Низ 45-те епизоди и сесиите со д-р Терзиев (Никола Ристановски), се запознавме со животните приказни и проблемите на анестезиологот Милена (Јелена Јованова), војникот Владо (Тони Наумовски), тинејџерката и пливачка Ивана (Ангела Димитрова) и брачниот пар Зана (Драгана Костадиновска) и Гент (Висар Вишка). Истовремено, добивме можност да погледнеме и во приватниот живот на д-р Терзиев, и да увидиме дека никој, па дури ни тој, не е имун на потешкотии.

Со финалето на серијата „На терапија“, пристигна и последната епизода од емисијата #наТерапија Дискусија, во која гостуваат продуцентот на серијата и основачот на продуцентската куќа „КИНО ОКО“, Роберт Насков, и режисерот на серијата, Вардан Тозија.

Игор Мургоски разговараше со Роберт и Вардан за тоа како дојде до адаптирањето на серијата „На терапија“ за македонскиот пазар, за процесот на снимање на серија според франшиза и предизвиците кои доаѓаат со тоа, за актерската екипа сочинета од етаблирани глумци, но и нови имиња, за адаптацијата на сценаријата, за гледаноста на серијата и за извонредните реакции на македонската публика.

Погледнете ја емисијата, тука: