#наТерапија Дискусија 01 со Сара Мејс и Елена Стојановска

Минатата недела започна првата #наТерапија Дискусија, получасовна емисија која ќе се емитува секоја недела во 13:00 часот на ТВ Сител, а која по емитувањето ќе биде достапна и на официјалните онлајн канали на серијата „На терапија“.

Целта на оваа емисија е да ги сумира случувањата од епизодите, да даде осврт на предизвиците со кои се соочуваат ликовите и, низ дискусија со одбрани гости, да навлезе уште подлабоко во темите опфатени во серијата.

Во иницијалната #наТерапија Дискусија, водителот Игор Мурговски, заедно со пејачката Сара Мејс и водителката Елена Стојановска, разговараше на тема: „Дали бракот како институција е на крстосница помеѓу традиционалниот и современиот стил на живеење?“

Погледнете ја нивната дискусија, тука: