Пронаоѓањето на звукот на серијата „На терапија“ со Ади и Дино Имери

Тематската музика која ја надополнува шпицата и клучните моменти во серијата „На терапија“ е создадена „по мерка“ од талентираните композитори Ади и Дино Имери, едни од најбараните авангардни музичари во Македонија. Сочувство и вистина се зборовите со кои тие ја опишуваат музиката која ја надополнува „тишината која крие многу тајни“, го зајакнува дејствието на серијата […]

#наТерапија Дискусија 02 со Ана Поп-Ризова и Стефан Рашковиќ

Ви ја претставуваме втората #наТерапија Дискусија во која разговаравме на тема „Животот на тинејџерите и нивните проблеми во општеството“, со психологот и психотерапевтот Ана Поп-Ризова и студентот и јутубер Стефан Рашковиќ. Погледнете ја емисијата во целост, тука:

#наТерапија Дискусија 01 со Сара Мејс и Елена Стојановска

Минатата недела започна првата #наТерапија Дискусија, получасовна емисија која ќе се емитува секоја недела во 13:00 часот на ТВ Сител, а која по емитувањето ќе биде достапна и на официјалните онлајн канали на серијата „На терапија“. Целта на оваа емисија е да ги сумира случувањата од епизодите, да даде осврт на предизвиците со кои се […]

„Треба да научиме да разговараме едни со други“ – Интервју со Амернис Нокшиќи-Јовановска

Талентираната актерка Амернис Нокшиќи-Јовановска, ја толкува сложената улогата на Ана Терзиева, сопругата на Д-р Виктор Терзиев. Ана е самоуверена, искрена жена, која со години безрезервно ја поддржувала праксата на Виктор, целосно посветувајќи се на семејниот живот и на воспитувањето на нивните три деца. Иако за себе вели дека се разликува од карактерот кој го игра, […]

#наТерапија дискусија – Епизода 4

Вчера бевме дел од брачното советување на Гент и Зана, чиј брак и повеќе од очигледно е во длабока криза. Низ личните проблеми на овој пар, се гради слика и за колективната состојба на бракот како институција во Македонија. Во четвртата #наТерапија дискусија, сакавме да го слушнеме вашето мислење за бракот на крстосница помеѓу традиционалниот […]

#наТерапија дискусија – Епизода 3

Дејствието на третата епизода се одвиваше околу тинејџерката и пливачка Ивана. „Тиња е све, задња рупа сме у Европа“, вели таа. Дали и вие го делите нејзиниот став за (не)квалитетот на животот во Македонија? Кои се најголемите причинители за незадоволство кај младите во државата? Како тие причинители влијаат на масовното отселување? Кој е најдобриот начин да се […]

#наТерапија дискусија – Епизода 2

Вчера го запознавте Владо, професионален војник со традиционални сфаќања. Во разговорот со Д-р Терзиев, Владо зборуваше и за својот пријател, Д-р Здравко Андонов. „За него е јавна тајна дека го интересираат мажи, па да не си помислиш нешто погрешно“, рече тој. Стигмите и предрасудите поврзани со сексуалната определба се тема на втората #наТерапија дискусија. Што […]

#наТерапија дискусија – Епизода 1

Со првата епизода од серијата „На терапија“ ја отворивме и првата #наТерапија дискусија, на тема дискриминација според местото на живеење. Главниот карактер од оваа епизода, Милена, 30-годишен анестезиолог со потекло од „внатрешноста“, вели: „Што и да направам, вечно ќе ме гледаат ко провинцијалка“. Што мислите за тоа? Сте почувствувале ли и вие дискриминација врз основа […]

„Приказните на ликовите ќе предизвикаат особено внимание“ – Интервју со Драгана Костадиновска

Прекрасната актерка Драгана Костадиновска, во „На терапија“ ја толкува улогата на Зана, млада и почитувана жена која реди успеси на сите полиња, освен во бракот и семејниот живот. Совршено надополнувајќи се со Висар Вишка, кој ја толкува улогата на нејзиниот сопруг Гент, Драгана вешто нè внесува во комплексниот свет на Зана, за која вели дека […]

„Прекрасно е да работиш со луѓе кои си ја сакаат работата“ – Интервју со Висар Вишка

Еден од најуспешните актери во Македонија, Висар Вишка, во „На терапија“ се појавува во улогата на бизнисменот Гент. Тој, заедно со сопругата Зана, која ја игра Драгана Костадиновска, одат на советување кај Д-р Терзиев во обид да го спасат бракот кој е во криза поради низа меѓусебни провокации, обвинувања и нерешени проблеми од минатото. Приказната […]